Европскиот парламент предложи следните европски избори да се одржат во период од 23 до 26 мај, речиси две години по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, јавуваат медиуми, повикувајќи се на извори од ЕП.
Според нив, датумите биле договорени на состанокот на претседателите на политичките групи на ЕП.Одлуката треба да се донесе во следните месеци едногласно од страна на Советот на ЕУ по консултации со ЕП.