МНР домаќин на средбата на Европската служба за надворешни работи и политичките директори од Западен Балкан

Од:

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот состанок на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ) предводена од Заменик Генералниот секретар на ЕЕАЅ, Жан Кристоф Белиард со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6).

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, прашања поврзани со Источното партнерство на Европската унија, усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, како и актуелната ситуација и развојот на настани во регионот и пошироко.

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски ја поздрави сеопфатната досегашна посветеност на Европската унија во Република Македонија и во поширокиот регион, подвлекувајќи го очекувањето оваа посветеност да се круниса со завршен процес на интеграцијата на Балканот во Европската унија. Во овој контекст Димовски ги реафирмираше конкретните на чекори на Владата на Република Македонија во изминатата година на внатрешен и надворешно политички план и информираше за претстојните активности во тековната 2018 година за интеграцијата на нашата земја во Европската унија.

Воедно, ја реафирмираше заложбата за усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, како и интересот за интеграција на македонскиот енергетски сектор во регионалниот и европскиот пазар.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија