Мигрантите ќе бидат во фокус на италијанското претседателство со ОБСЕ

Од:

Главен приоритет на италијанското претседателство со ОБСЕ ќе биде состојбата во Средоземното Море, преку кое Италија се соочува со масовен прилив на афикански мигранти, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано.

Тој смета дека во Средоземното море се игра партија карти која има глобални димензии и значење.

– Мигрантската криза ќе беше нерешлива ако ние не преземевме одговорност и ако немаше меѓународна солидарност, изјави Алфано во Виена, каде ги промовираше приоритетите на италијанското претседателство со ОБСЕ.

Алфано најави дека поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини ќе биде пратеник за Придњестровје – североисточниот дел на Молдавија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија