Научниците од универзитетот во централен Ленкшир, и меѓународен тим на астронаути ја пронашле најголемата структура во универзумот.
Оваа група на квазари е толку голема, што на светлината и се потребни околу четири милијарди години за да стигне од едниот крај до другиот.
Квазарите се неверојатно моќни, масивни црни дупки кои според мислењето на астрономите би можеле да се најдат скриени во центрите на галаксиите. Квазарите се активни јадра на галаксијата кои поминуваат преку кратки периоди на силна осветленост, што всушност е причината за нивната видливост на огромни растојанија. По астрофизички критериуми, овие периоди се кратки, но во реалноста траат од 10 до 100 милиони години.
Уште од 1982 година, се знае дека квазарите се групираат во структури со големи размери и се нарекуваат квазарни групи. Но, оваа голема група на квазари, која е откриена од тимот на др. Роџер Клаус, е толку голема, што го загрозува вселенскиот принцип, по претпоставка, универзумот да е ист без оглед од која галаксија и од кој правец би се набљудувал.
Овој квазар е оддалечен 0,75 мега парсеци или 2,5 милиони светлосни години, споредено со Млечниот пат од Андромеда, најблиската галаксија до нас.