Академија за младински активизам во Карпош

Од:

„Академија за младински активизам” е проект кој овозможува десетина млади луѓе од Општина Карпош, на возраст од 17 до 24 години, да поминат низ серија на обуки со кои ќе стекнат вештини во сферата на комуникациите, полесно детектирање на локални проблеми и учество во носењето на одлуки на локално ниво, со што конкретно ќе ги зајакнат своите капацитети за да бидат активни граѓани на локалната заедница.

Овој проект ќе го спроведе младинската организација „Младите Можат“ во соработка со Општина Карпош, а е поддржан и од Фондација Shuler Helfen Leben.

За начинот на спроведување на овој проект, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставниците на „Младите Можат“, Анита Николовска и Никола Ивановски.

На крајот од овој месец ќе биде објавен јавен повик од страна на организацијата „Младите Можат“, со што заинтересираните млади ќе имаат шанса да аплицираат и да бидат дел од проектот кој ќе опфати четири општини.

Градоначалникот Богоев посочи дека Општината веќе поддржа неколку проекти од младински организации чија цел е разработување на стратегија за млади во Карпош, како и зајакнување на јавната свест за заштита на животната средина.

-Ја поддржуваме и унапредуваме соработката меѓу младите, со цел да имаат подобри услови за образование, напредок и нови достигнувања. Целта е да се зајакнат капацитетите на младите во што повеќе сфери на живеење и општествено ангажирање. Овие активности, кои не се дел од наставата, дополнително ќе ни помогнат и нас како Општина, но ќе придонесе и за нивна доквалификација и надградба, рече Богоев.

Претставниците од „Младите Можат“ го истакнаа своето задоволство од можноста за соработка со Општина Карпош. Во оваа прилика нагласија дека со овој проект ќе се овозможи младите карпошани да дефинираат локално младинско прашање кое заеднички ќе го унапредуваат и решаваат.

Во текот на реализацијата на проектот младите ќе имаат можност да остварат посета на Општина Карпош и да се запознаат со работата на локалната администрација, а ќе претстои и вмрежување меѓу младите и градоначалниците од другите општини кои ќе бидат дел од овој проект.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира