Според истражувањето на „Галуп“ Папата Франциско, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон се најпопуларните лидери во светот.
Испитаниците во истражувањето бирале помеѓу 12 имиња на светски лидери, а тие одговарале дали имаат многу поволно, делумно поволно, воглавно неповолно или многу неповолно мислење за светските лидери.
Папата Франциско ужива популарност од 56 отсто, Меркел 49 отсто, додека за францускиот претседател 45 отсто од испитаниците се изјасниле дека имаат поволно мислење.
На четвртата позиција е рускиот претседател Владимир Путин со 43 отсто, а по него следува британската премиерка Тереза Меј со 38 отсто, па кинескиот претседател Си Џинпинг со 37 отсто.
Последен на листата е претседателот на Иран, Хасан Рохани.