Русија го поздравува дијалогот што започна меѓу претставниците на Северна и Јужна Кореја, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Според неговите зборови, само преку таквиот „директен и непосреден контакт” меѓу двете земји е можно „да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров”.
Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин постојано повикува на создавање услови за продолжување на дијалогот меѓу двете корејски држави.
Првиот круг разговори за подобрување на односите меѓу Сеул и Пјонгјанг започна ова утро во демилитаризираната област на 38-та паралела.