Милошоски: Европскиот Совет да донесе одлука за старт на пристапните преговори

Од:

Пратеникот Антонио Милошоски и актуелен претседател на собраниската Комисија за надворешна политика упати писмо до претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со кое бара Европскиот Совет да донесе одлука за пристапни преговори со Македонија во текот на оваа година.

Милошоски во писмото информира и за неодамна одржаниот 10-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ, кога, меѓу другото, беше поздравена одлуката на Меѓународниот суд на правдата од Хаг по однос на тужбата на Македонија против Грција.

Тој потсетува дека таа одлука претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

„Почитувањето на пресудата на МСП од страна на Грција, најпрво е важна заради владеењето на правото како темелен принцип во ЕУ, а секоја членка на ЕУ треба да биде пример за тоа.

– Второ, примената на пресудата ќе му овозможи на ЕУ Советот да ја следи препорака на Европската комисија и да донесе одлука за отворање на преговорите за членство со Македонија, во текот на 2012 година. Конечно, уверен сум дека почитувањето на пресудата на МСП и отворањето на преговорите за членство ќе дадат значителен придонес во македонско-грчкиот дијалог за изнаоѓање на компромисно решение околу спорот со името“, им пишува Милошоски на своите колеги од европските парламенти.

 

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски