Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќаат во Собранието

Од:

Иако се најавуваше дека опозицијата ќе учествува во работата на Собранието од денеска, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сепак, нема да учествуваат на денешните седници.

Ваквата одлука била донесена на координативниот состанок на пратеничката група со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, што се одржал утрово.

Од партијата велат дека Мицкоски ќе ги образложи причините на прес-конференција во 13 часот.

ВМРО-ДПМНЕ од средината на декември ја бојкотира работата на Собранието поради притворот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

„Сметаме дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот“, соопштија од партијата на 12 декември.

Шесте пратеници се дел од 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во врска со насилствата во Собранието од 27 април минатата година.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела