Сеул денеска соопшти дека ќе го разгледа временото укинување на санкциите против Пјонгјанг доколку тоа е потребно за да може делегацијата на Северна Кореја да учествува на ЗОИ во Јужна Кореја следниот месец.
– Доколку биде неопходно, прашањето за времено укинување на санкциите ќе биде разгледано со Советот за безбедност на ОН и другите релевантни земји, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.