Собранието утре продолжува со работа, неизвесно дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во собраниските клупи

Од:

Собранието својата работа во 2018 година ќе ја започне утре со продолжението на 27-та пленарна седница на која на дневен ред се и изборот на уставни судии и предлог-законот за употреба на јазиците.

Се уште е неизвесно дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучат во работата на Собранието, а јавноста е во исчекување на идните чекори на партијата, откако тоа во изјавите за време на викендот го најави лидеор Христијан Мицкоски.

Утре напладне најавено е најнапред продолжение на 27. седница, на која на дневен ред се, меѓу другото, Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, Предлог на закон за употреба на јазиците, во второ читање, измени и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи и неколку други закони и одлуки.

Освен тоа закажано е и продолжението на 26. седница, каде на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка. На дневниот ред на 22. седница се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдува на одговорност за судија, двата по скратена постапка.

Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница, со по неколку точки на дневниот ред.

Во Собранието треба да се одржат и продолженија на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Агендата на пратениците во првиот месец од годината е интензивна, имајќи во предвид дека освен веќе закажаните пленарни и седници на комисии, ќе се ратификува и Договорот со Бугарија на 15 јануари, а на 18 јануари пред нив ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата