А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје

by А1он08/01/2018 - 11:5808/01/2018 - 11:59392
Share0

Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.

Во продолжение мерките кои што треба да ги преземат надлежните институции:

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да:

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста;
– Да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот;
– Да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено;
– Да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба;

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:

– Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата);

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат:

– Издавањето на одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот;
– Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот;
– Да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз;
– Да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации;
– Дневно чистење на улиците и пешачките површини;
– Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла;

Владата на Република Македонија:

– Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила;

Градежните компании имаат обврска:

– Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.);
– Градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро;

vladazagaduvanje

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео