Помпео: ЦИА не е вмешана во организација на протестите во Иран

Од:

Во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“, директорот на ЦИА, Мајк Помпео демантира вмешаност на агенцијата во организација на антивладините протести во Иран. Тој прогнозираше дека таму ќе има и нови насилни протести.

Помпео истакна дека економските услови во Иран не се добри, што било мотив за граѓаните да излезат на улица и да протестираат.

– Тоа е народот на Иран, тие тоа го покренаа барајќи подобри услови за живот и прекин на теократскиот режим, изјави Помпео.

Директорот на ЦИА истакна дека Северна Кореја има потенцијал за неколку месеци да развие нуклеарно оружје што може да ги загрози американските градови.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините