Ивановски: Да престане расипничката политика на ненародната власт

Од:

СДСМ побара пауза од еден час за да се придружат на протестот против преименувањето на улиците во Скопје.

Протестот, рече координаторот на СДСМ, Игор Ивановски, е на мостот за кој Владата даде 2 милиони евра. Го повика и претседателот на Собранието да се придружи на протестот, бидејќи рече, оваа одлука на Град Скопје треба на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, да ги отрезни и да почнат да работат во интерес на граѓаните.

Треба, рече Ивановски, да престане оваа расипничка политика на ненародната власт.

„Лошо е со пари од Собранието да се остварува политичка активност. Не ви бега протестот. Ако треба и јас ќе се јавам да ве почекаат,рече претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски.

„Не е во ред некојси маркетинг да се прави,ова не доликува.Народот не бирал за да работиме во парламентот. Ние сме пратеници а не градски советници“, процедурално укажа Амди Бајрам.

По паузата ќе продолжи расправата по предлогот на опозицијата , да се доделат по 2000 денари за храна на социјалните случаи и тоа за купување исклучиво на на македонски производи. За ВМРО-ДПМНЕ, предлогот не е прифатлив, бидејќи сметаат дека се работи само за маркетинг.

 

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции