Спасувачка драма во Грција – планинарка од Македонија повредена на Олимп

Од:

Спасувачка драма се случувала денеска во Грција, кога по неколучасовна акција била спасена планинарка од Македонија, која се повредила при пад на Олимп. Веста ја објави грчкиот портал „Лариса.гр“.

Таа била пренесена во најблискиот планинарски дом „Јоргос Апостолидис“ каде што била згрижена и се наоѓа во добра состојба. Планинарката со хеликоптер ќе биде пренесена во болница во градот Лариса.

Александар Кирковски, бил заедно со девојката кога се случила несреќата. Се искачиле на врвот Стефани на 2.909 метри. Се било во ред, одлично се движеле, условите во главно биле добри, а Елена паднала при спуштањето од врвот околу 10 часот утрово.

На мобилниот телефон немал мрежа за да повика помош, па откако и помогнал да остане во статична позиција и да не се лизне дополнително, и дал вода и таблета за болка и истрчал до најблискиот дом за да побара помош.

Медиумите известуваат дека тоа биле моменти на агонија на алпинистите кои чекале на Олимп за да видат што ќе се случи. Според првичните информации, планинарката е полесно повредена. Таа се искачувала на врвот Стефани заедно со уште двајца планинари од земјава.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски