Популарниот кувар Џејми Оливер ги повика државните органи да забранат продажба на енергетски пијалоци на деца бидејќи се сомнева на поврзаност со пиењето на енергетски пијалоци и лош учинок во школо.
Тој смета дека границата за продажба на енергетски пијалоци треба да се постави на 16 години. Оливер смета дека владата треба да се придржува до насоките кои веќе постојат на лименките каде што пишува дека енергетските пијалоци не се погодни за деца.
– Доколку компаниите кои ги произведуваат енергетските пијалоци сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто деца може да ги купуваат кога што сакаат?, прашува Оливер.
Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто од децата под 10 години во Велика Британија консумираат енергетски пијалоци.