ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: На кој Илија да му веруваме, на „добриот“ или на тој што остави 300 семејства без егзистенција?

Од:

„Градоначалникот Илија Јованоски не си верува повеќе ни самиот себе си! Не знаеме на кој Илија да му веруваме, на тој од митингот во Прилеп односно „добриот“ Илија или на тој од 1.1.2018 што остави 300 семејства без егзистенција!

Најдобро да го прегледа видеото од митингот и да одлучи која улога ќе ја игра. Благодарение на него во општината е запрен процесот на легализација! Благодарение на лагите негови запрен е наставниот процес во градинките.

Благодарение на лицемерието и непознавањето на законите 130 наставници ги остави дома! Решение во образование последните 13 години земаа сите што имале минимум 2 год стаж. Сега тој и тие ги избрка.

Ако ги потполнувал местата на неопределено, зошто со договор ги вработи „професионалците“ Моника Талеска, Зоран Милошоски, Гоце Туманоски и шофер со договор на дело. Другите шофери се непрофесионалци? Што ако не дај боже некој договорен кадар го уништи службеното возило, на пример?

Да го запрашаме Градоначалникот каде и колку се парите што ги собра на „турбо-фолк” забавата за Нова година?

За крај очекуваме: пониска вода 20%, пониска акциза, европски спорт, струја и вода во Три багреми, нови градинки, училишта. Доста сликање, земете работете нешто!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена