Јованоски: Не е избркан ниту еден вработен во oпштината

Од:

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски тврди дека не избркал ниту еден вработен од општинската администрација, како и дека нема намера тоа да го направи во иднина. Појаснува дека на работа во општината повеќе не доаѓаат шеесеттина лица кои имале договор до 31 декември 2017 година.

– Договорите кои претходниот градоначалник им ги склучил на шеесетина лица, истекоа на 31 декември, со што заврши и работата на тие лица. Претходниот градоначалник сметал дека нивниот ангажман треба да биде до 31 декември 2017 година и јас тука ништо не можам да направам. Она што во иднина треба да го работи општинската администрација, онолку колку што мислам дека ќе има потреба од вработени, ќе ангажираме толкав број на квалитетни и стручни кадри, рече тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е вистина дека со негов „амин“ се избркани одредени кадри од општината.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена