Кина и Русија ја поздравија одлуката за обновување на дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

Руските медиуми објавија дека министерството за надворешни работи ја поздравило одлуката на Северна и Јужна Кореја за обновување на дијалогот. Тие се надеваат дека позитивната тенденција ќе биде проследена со конкретни договори за решавање на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.

Истовремено, и кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека поздравува и поддржува конкретни напори за подобрување на односите на Корејскиот Полуостров, откако Пјонгјанг и Сеул се согласија да започнат официјални преговори следната недела – првпат по повеќе од две години.

Јапонија оцени дека одлуката на САД и Јужна Кореја да ги одложат воените вежби за време на Олимписките игри не значи дека притисокот врз Северна Кореја слабее.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот јужнокорејски колега Мун Џе-ин се договорија да не организираат воени маневри за време на Олимпијадата од 9 до 25 февруари – вежби, кои секоја година придонесуваат за зајакнување на тензиите на полуостровот.

– Политиката на Северна Кореја не се смени, изјави денеска портпаролот на јапонската Влада, Јошихиде Суга. Тој рече дека трите сојузници – Јапонија, САД и Јужна Кореја, ја потврдиле својата заедничка стратегија.

– Одлуката за одложување на вежбите не ја доведува во прашање волјата за зајакнување на притисокот врз режимот на Ким Џонг-ун, увери портпаролот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ