Исламска држава има терористи распоредени низ Европа кои се подготвени да извршат напади, тврди исламистот Тарик Џадаун, роден во Белгија.
Тој истакна дека е подготвен да соработува со белгиските власти за да се разоткријат терористичките мрежи. Во замена за тоа, Џадаун бара да биде ослободен од затворот во Ирак каде седи во притвор од септември, кога беше заробен за време на борбите за градот Мосул.
Премиерот на Белгија, Шарл Мишел најави дека нема да преговара со ирачките власти за спасување на Џадаун, или било кој друг исламист со белгиско државјанство кој е заробен на Блискиот Исток.
Џадаун презеде одговорност за организирање на терористички напади во Брисел во 2016 година, а работел и на регрутирање деца за исламистички напади.