Кошаркарите на Барселона ја постигнаа шестата победа сезонава во Евролигата, откако синоќа на домашен терен го победија лидерот на табелата, рускиот шампион ЦСКА Москва со 85:72.
Ова за ЦСКА беше четврти пораз, колку што има и второпласираниот Олимпијакос, но со една победа помалку.
Во екипата на Барселона пет играчи имаа двоцифрен број поени, додека најефикасен беше Нандо Де Коло од ЦСКА со 23 поени.
На другите два дуела од 16. коло одиграни синоќа Панатинаикос го соввлада Анадолу Ефес со 90:79, а Уникаха загуби од Малага 83:85.
Вечерва се играат другите пет натпревари од оваа рунда: Фенербахче – Басконија, Црвена Звезда – Жалгирис, Бамберг – Химки, Олимпијакос – Милано, Реал Мадрид – Макаби.