Ограбена жена во влез од зграда во Струмица

Од:

Непознат сторител вчера на улица Ката Поцкова во Струмица извршил разбојништво врз Л.Ѓ. (55) од Струмица.

Сторителот физички ја нападнал Л.Ѓ. кога таа влегла во влезот од зградата и обидувајќи се да ѝ ја земе торбата почнал да ја удира со раце во предлот на главата и телото. Таа паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите на десната рака.

Напаѓачот ја одзел торбата во која што, според пријвеното, имало 76 илјади денари, 1.070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите