Многу барања за легализација на дивоградбите во Струмица, малку комплетни документи

Од:

Од досегашните вкупно 12.500 поднесени барања за легализација на бесправно изградени објекти до 2011 година во Струмица се решени речиси 4.500. Според Стојан Динев, раководител на Секторот за урбанизам при општина Струмица, ваквото бавно темпо на решавање се должи на опаднатата платежна моќ на граѓаните.

– Претпоставуваме дека тоа се должи на лошата финасиска состојба во која се наоѓаат граѓаните. Имаме издадено урбанистичка согласност и пресметки, но со месеци и години граѓаните не доаѓаат да платат и да си ги подигнат. Според мои сознанија има голем број елаборати кај приватните геодети од каде граѓаните исто така не ги подигнуваат, вели Стојан Динев, раководител на Секторот за урбанизам при општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите