Вевчанскиот карневал ќе се одржува од 12-ти до 14 јануари

Од:

Од 12-ти до 14 јануари годинава, во Вевчани ќе се одржи традиционалниот Вевчански карневал. Како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, следниот викенд Вевчани ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на прес-конференцијата рече дека Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија: „Уникатен е зашто успева народните традиции да ги спои со една отворена критичка култура која Вевчанци ја негуваат. Овој фестивал има и огромен потенцијал да го развие руралниот и културниот туризам и ние во таа насока сакаме да го видиме неговиот иден развој. Министерството за култура продолжува да го поддржува карневалот“.

Министерот Алаѓозовски додеде дека Вевчанскиот карневал е пример за децентрализација во културата.

Вевчанскиот карневал со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, ќе почне со забава, вечерта на 12 јануари, кога ќе настапат групите Pluto’s Doubts и Фолтин, и диџејот Кирил Џајковски. Наредниот ден, 13 јануари, во 13 часот ќе почне дефилето на маски. Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, вечерта на 13-ти Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска ќе ги забавуваат василичарите и гостите на Вевчани. Кулминација на настанот е на 14 јануари сретсело со василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши тој ден попладне со традиционалното палење на маските.

„Карневалот годинава е во викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Уникатен е и единствен, а учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат“, рече на прес-конференција вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.

Вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници, зборуваше за сите специфични обичаи за време на карневалот, кој е стар 1400 години и има повеќе од 10 000 посетители.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов