Бугарите и Хрватите со најниска куповна моќ во ЕУ

Од:

Бугарите и Хрватите заостануваат со куповната моќ зад најголем дел од членките на Европската унија, покажуваат податоците на Евростат.

Хрватска се наоѓа на претпоследното место според потрошувачката по жител, која сега изнесува 59 отсто од просекот во ЕУ, а на последното место се наоѓа Бугарија.

Ова е прва година Хрватска да биде претекната од Романија, каде што потрошувачката е 61 отсто од европскиот просек.

Турција во раст на животен стандард надминала веќе четири членки на Унијата и речиси сите држави од ЈИЕ. Просечен Турчин со потошувачка која е 64 отсто од просекот во ЕУ, има поголема куповна моќ од жителите на Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, Албанија…

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион