Во Гази Баба без геодетски елаборат 4.284 предмети за легализација

Од:

Во дополнителниот рок за легализација во општина Гази Баба покрај поднесување нови барања во текот на целава година, до крајот на јуни ќе може да се комплетираат со геодетски елаборат 4.284 предмети за кои тој документ не бил доставен во претходниот рок.

Во општина Гази Баба заклучно со 31 минатиот месец од примени 18.505 барања за легализација, во постапка на решавање се 14.221 барање, од кои увид за утврдување на фактичката состојба на лице место е направен за 11.075, а тоа не е направено за 3.146 предмети.

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски денеска на прес-конференција соопшти дека од досега обработените 11.626 предмети, позитивно се решени 7.342 (40 проценти) предмети, а 4.284 (23 проценти) се без доставени елаборати, кои се затворени со решение за одбивање на барањето.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба