Василичарскиот концерт на МОБ годинава со ретро рок и поп-хитови

Од:

Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12-ти и на 13 јануари од 20 часот.

Предвидено е да трае два и пол часа во кои публиката во МОБ ќе слуша рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години. Влезниците се продаваат по цена од 800 денари.

Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќе биде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќе има две изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.

Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска