Општина Карпош бара времено запирање на два ДУП

Од:

Како резултат на тоа што не била запазена законски предвидената постапка за донесување на два Детални урбанистички планови, Општина Карпош му предложи на Уставниот суд, до донесувањето на конечната одлука, да донесе решение за запирање на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на ДУП за Градска четврт 3 05 и ДУП за Градска четврт 3 04.

Општина Карпош достави одговор до Уставниот суд на Република Македонија, на претходно поднесена Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот ДУП (Детален урбанистички план) за опфатот Градска четврт З 05, помеѓу бул. Илинден, бул. 8-ми Септември, бул.Партизански Одреди, ул. Љубљанска, Блок 1, Блок 5 и Блок 8, Општина Карпош – Скопје.

Општина Карпош го достави Записникот од 44-та седница на Советот на Општина Карпош, одржана на 5 јануари, 2016-та година. Од овој доказ е очигледно дека при носење на оспорениот ДУП предложено е дополнување на Дневниот ред за работа на 44-та седница на Советот со Предлог – одлука за донесување на оспорениот ДУП, со образложение дека непосредно пред почетокот на седницата е пристигната согласноста за донесување на ДУП-от од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, што е спротивно на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на Деловникот на Советот на Општина Карпош. Со ова, на советниците им било оневозможено соодветно и темелно да ја разгледаат Предлог одлуката и да ја анализираат содржината на оспорениот ДУП.

Дополнително, претседателот на Советот направил и повреда на чл.39 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање бидејќи го дополнил дневниот ред со две точки меѓу кои и таа со оспорениот ДУП, иако бил должен предлогот на планот да го стави најрано на првата наредна седница.

Исто така, Општина Карпош за оспорениот ДУП Градска четврт З 05 приложи и доказ – извод од архивата на содржини објавени на веб страната (www.karpos.gov.mk). Од овој извод, јасно се гледа дека Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена, која претходи на донесување на Деталниот урбанистички план не била објавена на огласната табла на веб страницата на локалната самоуправа.

Објавувањето на оваа Одлука е задолжително согласно Законот за животна средина чл.65 став 10 и став 11. На овој начин, на граѓаните и целокупната јавност им е ускратено правото на жалба кое им е гарантирано со закон.

До Уставниот суд е поднесен и Извод од архивата на содржини објавени на веб страната, за оспорениот ДУП за опфатот Градска четврт З 04, помеѓу бул.Илинден, бул. 8-ми Септември, р.Вардар и ул. Љубљанска, Општина Карпош – Скопје.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира