Во напад на црква во градот Омук во јужна Нигерија за време на новогодишната миса загинаа 16 лица.
– Оваа група луѓе присуствувала на полноќната маса пред да бидат нападнати од заседа вчера во раните утрински часови, јави дописникот на Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.
Инцидентот се случи во нигериската држава Реки, а е поврзан со зголемените тензии меѓу ривалските банди.