Италијанскиот свештеник Дон Андреа Гало во текот на мисата во црквата во Џенова почна да ја пее познатата партизанска песна “O bela ciao”, а верниците воодушевени од тоа, му се приклучија.
Свештеникот во текот на „настапот“ весело го вееше црвениот појас, а верниците му аплаудираа и пееја заедно со него. Но ова не е единствениот случај.
Овој свештеник е познат по своите настапи, а многу од нив се наоѓаат на You Tube.