Сеул го повика Пјонгјанг на преговори на високо ниво

Од:

Откако севернокорејскиот лидер најави Ким Џонг-ун најави дека е подготвен за дијалог, Јужна Кореја им предложи на властите во Пјонгјанг од 9 јануари да започнат преговори на високо ниво.

Ким Џонг-ун најави дека е можно да им дозволи на своите спортисти да учествуваат на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјеончанг.

Јужна Кореја предлага средбата да се одржи во селото Панмунџом, на добро чуваната граница меѓу двете земји, каде и порано се одржувале вакви средби.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин ги повика властите во неговата земја да ги направат сите неопходни подготовки за Северна Кореја да може да учествува на Олимписките игри. Според него подобрувањето на односите меѓу двете земји ќе биде поврзано и со запирање на севернокорејската нуклеарна програма.

Во своето новогодишно обраќање, пак, севернокорејскиот лидер Ким се закани дека на својата маса има нуклеарно копче кое може да го употреби во секој миг и најави дополнително засилување на нуклеарениот арсенал на земјата.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ