Домот на новинарот Томислав Кежаровски за време на новогодишната ноќ бил ограбен при што биле земени два лаптопа, мобилен со германски број, часовници и ланчиња.
-Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале.
Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовници и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на социјалните мрежи сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.