ВИДЕО: 27 лица завршија на Токсикологија на новогодишната ноќ

Од:

За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетија Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар. Најмладото лице имало 16 години, информираше директорот на Токсикологија, Нико Беќаровски.

Тој изрази задоволство дека за прв пат по долго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години.

Тој исто така кажа дека немало лица предозирани со психо-активни супстанци. Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани а врз 4 се извршени операциски зафати, но овие повредени немаат врска со новогодишната ноќ.

На Хирургија исто така пристигнале 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд