Пет признаци дека можеби некој Ве прислушува

Од:

По што може да препознаете дека Вашиот смартфон го прислушуваат? Има неколку признаци за тоа, кои и не мора ништо да значат, но може да укажат дека Вашите разговори ги слушаат повеќе луѓе отколку што би требало…

1. Кога батеријата на телефонот е загреана и кога тој е исклучен – тоа укажува дека некоја програма е се уште активна.

2. Смартфонот бргу се празни… Наглото празнење на батеријата е поврзано со додатното трошење на енергијата на уредот, за коешто ние не знаеме, и што веројатно значи – присуство на вирус.

3. За полнењето на телефонот и за вклучувањето и исклучувањето е потребно повеќе време од вообичаено.

4. Светкање или трепкање на екранот при вклучување и гасење на уредот – тоа може да значи присуство на шпионска програма. Но, исто така може да укажува и дека телефонот е расипан.

5. Какви било необични звуци за време на телефонирањето (најчесто пулсирачко потчукнување).

И, бидејќи горенаведените признаци се неспецифични, тие сами по себе не може да бидат сигурен знак дека ве прислушуваат. Гледајте на нив како на целина, и внимавајте на кого му го давате телефонот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска