Здружението на пензионери „Карпош“ одбележа 35 години постоење

Од:

Здружението на пензионери „Карпош“ денеска во Кинотеката на Македонија го одбележа своето 35-годишно постоење. На манифестацијата присуствуваа претставници на сите седум ограноци на здружението, од Карпош 1 и 2, Карпош 3 и 4, Владо Тасевски, Тафталиџе 1 и 2, Козле, Нерези, Влае (Злокуќани, Бардовци), како и претставниците на здруженијата на пензионери од Тетово, Битола, Прилеп, Кичево, Неготино, Велес, Ѓорче Петров, Сојузот на здруженија на пензионери (СЗП) на Македонија, СЗП на Град Скопје и Црвениот крст на општина Карпош.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој истакна дека соработката на локалната самоуправа со ова здружение е на високо ниво. Тој нагласи дека и во иднина ќе ги поддржуваат во организација на спортските и рекреативни активности.

Во рамки на оваа манифестација беше промовирана и монографијата „Да не се заборави“, реализирана по повод 35-годишниот јубилеј. Беа доделени признанија и благодарници за присутните претставници на здруженијата на пензионери, за локалната самоуправа и за градоначалникот за неговиот придонес и ангажман во остварување на целите и задачите на ЗП „Карпош“.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец