Бутарис: Заев самиот се покани за Нова година во Солун

Од:

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, тврди дека не го поканил претседателот на Владата, Зоран Заев, за Нова година во Солун.

„Јас не го поканив, тој самиот се покани. За време на мојата посета во Скопје во ноември се сретнавме и тој ми кажа дека сака новогодишните празници да ги помине во Солун. Му реков да дојде, дека верувам дека ќе си помине убаво. Не претпоставив дека ова ќе се протолкува како формална покана. Дознав дека со околу 15-ина пријатели резервирале соби во хотелот ‘Македонија Палас’. Ако ми се јави, ќе дојдам да се сретнеме, ако не, нека ја помине Новата година со своите пријатели“, изјави Бутарис за „Вима“.

Владата пред неколку дена соопшти дека Зоран Заев новата година ќе ја дочека во Солун. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека премиерот за новогодишните празници ќе отпатува за Грција на покана на градоначалникот Бутарис.

Од прес-службата на Владата соопштија дека престојот на Заев во Грција ќе биде во форма на приватна посета.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски