Судскиот совет одлучи: Митриновски работел нестручно и несовесно

Од:

Донесена е одлука со која се утврдува нестручно и несовесно вршење на судиска функција на Јордан Митриновски, соопшти Судскиот совет со што го разреши судијата од Апелациониот суд.

По донесената пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која е констатирана повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, судскиот совет дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски. Во текот на оваа година комисијата закажа неколку расправи кои беа одложени по барање на адвокатите на Митриновски.

Митриновски кој веќе неколку години е во пензија тврдеше дека е разрешен од страна на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски бидејќи ја пензионирал неговата сопруга Филимена.

Судијата исто така изјави дека поранешниот премиер, Никола Груевски, на средба во Владата побарал од него да си поднесе оставка од функцијата. Митриновски беше разрешен во 2011 година затоа што дозволил Бајруш Сејдиу да оди во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава