Новогодишна дружба на Богоев со пензионерите

Од:

Во духот на традицијата, пензионерите од Карпош на новогодишен ручек се дружеа со градоначалникот на општина Карпош.
Во ресторанот „Каскада” во населбата Влае, во организација на пензионерскиот клуб „Карпош“ повозрасните карпошани од т.н. трето доба, заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев поминаа неколку часови во пријатна претпразнична атмосфера.

Како што нагласи Богоев, спојот меѓу младоста и искуството е единствениот пат за развој и напредок на Општината.

Првиот човек на Карпош им ги честиташе претстојните новогодишни и Божиќни празници посакувајќи им многу здравје и среќа во Новата 2018 година.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош