Полицијата апелира за поголем сообраќен ред за празничниот викенд на Маврово

Од:

По најавите дека за престојните новогодишни и божиќни празници во зимскиот туристички центар Маврово ќе има зголемен број на гости, од полицијата апелираат до возачите на поголем сообраќаен ред и почитување на прописите за паркирање.

Од СВР Тетово, полициско одделение Маврово појаснуваат дека сопствениците на моторни возила не треба да ги оставаат на коловоз долж кружниот пат околу Мавровското Езеро, особено и заради најавите дека ќе има снежни врнежи

– Така оставените возила го попречуваат брзото и ефикасно отстранување на снегот од операторите за зимско одржување и во голема мерка создаваат потешкотии во одвивањето на сообраќајот во двете насоки. На возачите, исто така, им се советува задолжително носење зимска опрема и максимална внимателност, дотолку повеќе што на одредени места патот околу Мавровското Езеро е со несоодветна широчина и поради тоа отежнато е нормалното и безбедно разминување, стои во апелот од СВР Тетово, Полициско одделение Маврово

Од мавровската полиција им препорачуваат на гостите да не го нарушуваат јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје или на друг начин. На тој начин ќе придонесат и непосредно, празниците да поминат во весела и безгрижна атмосфера, без инциденти или други несакани појави.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар