Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска најави дека на 17 јануари, во пет минути до 12 часот, ќе одржи јавен предупредувачки протест пред Владата на Република Македонија.
Претседателот на КСС, Благоја Ралповски на прес-конференција истакна дека одлуката е донесена на Конференцијата на КСС како највисок орган меѓу два конгреса.
КСС бара да претстанат притисоците врз, како што велат, синдикалните претставници, да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да почнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор и преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.