Се зголемува надоместокот за дежурство на лекарите, ќе земаат 4.000 денари за викенд

Од:

Ќе се зголемат платите на лекарите, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој нагласи дека се обезбедени средства за зголемување на платите за пет отсто на сите здравствени работници во втората половина на 2018 година, како и дополнителен износ на средства за дежурствата за докторите и сестрите во Клиничкиот центар и во сите болници во државата, посебно за хирурзите кои веќе имаат зголемување.

-Дежурство, кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден, од март или април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари, а викенд дежурството, кое сега е 2.800 денари или 2.900 денари, ќе биде платено 4.000 денари, рече министерот Филипче.

Тој додаде и дека обезбедиле средства за вработување на 348 приватни специјализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар. За задржување на лекарите во Македонија, вети подобри опции за едукација преку соработка со познати универзитетски центри во Европа.

-Во преговори сме со директорот на Фондот за иновации за етаблирање нов Центар за истражување во рамки на Клиничкиот центар, каде што може да се направат научно-истражувачки проекти кои се клучни во едукација на младите лекари, истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството