Адвокатите незадоволни од Законот за адвокатски маркички

Од:

Адвокати од повеќе градови во државата бараат од Адвокатската комора на Македонија да преземе мерки за времено стопирање на Законот за адвокатски маркички и да донесе препорака за преземање само на неопходните, итни предмети се до одлуката на Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон.

Иницијативата тие денеска ја доставија до Управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија.

Според адвокатите, овој закон е противуставен и недоречен и создава хаос во работењето на адвокатите. Со законот, велат тие, се доведува во прашање работата и функционирањето на адвокатурата како самостојна и независна дејност предвидена со Уставот на Република Македонија.

– Целта на изразување на ваков јавен протест кон Адвокатската комора е тоа што овој закон не смееше да се дозволи да биде донесен бидејќи со него директно се врши упад во самостојноста и независноста на адвокатурата која претставува уставна категорија. Под превезот дека со овој закон се сака да се донесе ред во финансиското работење на адвокатите, автоматски тие се обврзани со овој закон да го изложуваат јавно пред органите предметот на своето работење, односно кој им е странка и зошто работат. Тоа е дозволиво и е спротивно на Законот за адвокатура, изјави адвокатот Димитар Панчевски од Иницијативниот одбор.

Револтирани се од работењето на Управниот одбор на Адвокатската комора и најавуваат дека ќе бараат негова оставка или ќе организираат вонредно собрание.

– Она од што најмногу сме огорчени е тоа што овој закон за адвокатски маркички којшто не смееше да се дозволи да се донесе е предложен од страна на Адвокатската комора поточно од Управниот одбор на Комората, истакна адвокатката Анита Бегова.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on