Заев: Нема да има ни „П“ од правна држава, ни „Р“ од реформи доколку има селективна правда

Од:

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање, од собраниската говорница кажа дека Владата, се тоа што затекнала како криминал, до сега го процесирала до Јавното обвинителство, а тие треба да кажат дали има сомневање за оторање на судски постапки против оние кои потенцијално се огрешиле пред законот.

„Нема да има ни „П“ од правна држава, ни „Р“ од реформи доколку има селективна правда. Апелирав до министрите и Владата, да не помислува да влијае на судиите. Тие мора да носат одлуки согласно законите. Убеден сум дека сите мора да работиме во функција на охрабрување на ситемот. Ова е многу важно ако сакаме да бидеме нормална земја. Не сум помислил, ниту сум добил информација дека некој влијаел во СЈО или ОЈО за предмети против поединци. Владеење на законот мора да има, исто како владеење на правото“, рече премиерот Заев.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски