ВМРО-ДПМНЕ: Судот продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на ОЈО за целосно фабрикуван случај

Од:

„Кривичниот суд повторно се стави во функција на неправдата. Судот продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на ОЈО за случај кој е целосно фабрикуван.

Судот ја пропушти шансата да одлучува врз основа на законот и фактите. Судот покажа дека е само слеп извршител на нечии наредби.

Аргументите се на страната на неправедно притворените. ОЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња.

Никаде во современиот демократски свет не е видено да се притвораат граѓани затоа што гласно говореле и не се согласувале со политиките на власта. Единствено во Република Македонија, судството функционира е целосно ставено во одбрана на партиски цели и политики. Правдата се злоупотребува. Едно важи за врвот на власта, сосема друго сите останати. Ова е притисок врз сите неистомисленици и обид за нивно заплашување и замолкнување. Ова е политичка пресметка во демократска држава со злоупотреба на државните ресурси.

Осомничените во фабрикуваниот случај за тероризам се соочуваат со притисок во секој дел од постапката. Власта првин се изживуваше со фабрикувани обвиненија, а потоа со насилно и незаконско приведување пред очите на семејствата. Следеше неоснованиот притвор, катастрофалните услови и малтретирањето во Истражниот затвор па се до фотографирањето и обидот јавно да бидат понижени притворените.

Власта ги гази нивните човекови права само за да сузбие секоја критичка мисла во иднина.

Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине. Правосудството мора да работи независно. Тоа е во интерес на демократијата и граѓаните на Република Македонија.

Република Македонија мора да продолжи како демократска држава, во која правото ќе важи за сите. Институциите не смеат да се злоупотребуваат против граѓаните, тие мора да бидат во нивна служба“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет