Јужнокорејската влада соопшти дека кај најмалку четворица дезертери од Северна Кореја биле откриени знаци на изложеност на радијација. Експертите сепак не можеле да потврдат дали тоа е поврзано со програмата за развој на нуклеарно оружје.
Четворциата дезертери потекнуваат од округот Килџу, каде што има полигон за тестирање на нуклеарното оружје. Тие биле изложени на радијација во периодот од мај 2009 до јануари 2013 година, а во Јужна Кореја пребегнаа пред последниот нуклеарен тест од 3 септември.