Кошаркарската Евролига одлучи да го зголеми бројот на учесници од следната сезона и наместо сегашните 16, во елитното натпреварување ќе се натпреваруваат 18 тимови.
Со постојана лиценца за учество се 11, пет се доделуваат дополнително, нов член ќе биде Асвел, како и вицепрвакот во Еврокупот.
Оваа одлука на раководството на Евролигата беше очекувана, бидејќи во претходната сезона тие најавија зголемување на бројот на екипи во затворен формат.
Тековната сезона ќе заврши во мај со финалето Фура во Белград.
Актуелен европски шампион е Фенербахче.