Безбеден пречек на новата 2018 година

Од:

Со показна вежба – симулација, започна последниот настан од едномесечната кампања “Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење” која се однесува на превенција од употреба на петарди и пиротехнички средства во претпразничните и празничните денови.

Настанот беше во организација на Одделението за превенција при СВР Скопје, Црвен Крст на Град Скопје и Општина Карпош. Преку симулација на несреќна случка и поврдеа од петарда, претставниците од МВР и од Црвениот крст демонстрираа како на најсоодветен и најбрз начин треба да се реагира во ваков случај.

Примарната цел на оваа кампања е да се подигне јавната свест кај сите граѓани, особено кај најмладите, учениците од основните училишта кои се и најчести корисници на петарди и друга пиротехника.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев го подржа настанот и апелираше до граѓаните за мирен, безбеден и достоинствен пречек на Новата 2018 година:

– Општината Карпош и во претстојниот период ќе поддржува, но и ќе иницира активности чија цел е зголемување на безбедноста на учениците и намалување на употребата на петарди и други пиротехнички средства. Во координација сме и со надлежните институции, за да имаме мирен и безбеден пречек на Новата година, рече Богоев.

Во фоајето на „Скопје Сити Мол“ се одржа и изложба на ликовни творби и графити изработени од учениците кои на креативен начин упатуваат порака до сите граѓани за последиците од користењето на пиротехнички средства.
Општина Карпош и во претстојниот период засилено ќе работи на јакнење на свеста кај граѓаните, бидејќи една од приоритетните цели на локалната власт е заштитата на животот и безбедноста на најчувствителната категорија граѓани односно на најмладите карпошани.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски