Без промени во воспитниот кадар во градинките во Карпош

Од:

Градинките ќе продолжат нормално да функционираат, а децата нема да имаат промена на досегашните воспитувачи и негователи.

Ова, при денешната посета на градинката „Мајски цвет” во Тафталиџе 1, го соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој оствари средби со дел од негователките и воспитувачките на кои им истече договорот за работа.
Богоев посочи дека Општината работно ќе ги ангажира негователките од градинките „Мајски цвет”, „Пролет”, „Распеана младост” и „Орце Николов”.

Проблемот со административната процедура ќе биде надминат и Општината, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии веќе работат на изнаоѓање на најсоодветно решение.

Градоначалникот Богоев апелираше до родителите, децата, негователките и директорите да бидат спокојни што се однесува до згрижувањето на децата и нивниот воспитен кадар.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец