Бочварски: Со засилена динамика ќе продолжиме да градиме инфраструктура

Од:

„Се наоѓаме над селото Шашаварлија, во близина на селото Никоман, каде во изминатиот период се одвиваат градежни активности за изградба на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се гради делница од еден километар.

Локалниот пат се гради по сите стандарди за изведба.

Вкупната инвестициона вредност на проектот по најповолната понуда изнесува околу шест милиони денари.

Градежните зафати започнаа на овој месец, а временската рамка за завршување на работите е околу 40 работни дена, доколку тоа го дозволуваат временските услови.

Како градоначалник на Општина Штип, настојувам во своето работење подеднакво да ги застапувам интересите и на населението од руралните средини, да бидат задоволени нивните потреби и значително да им биде подобрен квалитетот на живот. Ќе продолжиме и понатаму да работиме во интерес на нашите сограѓани на целата територија на општина Штип.

Со реализацијата на овој проект, се олеснува секојдневниот живот на нашите сограѓани. Воедно, преку вакви инвестиции во руралната инфраструктура, ставаме акцент на нашата политика за рурален развој.

Во идниот период ќе продолжиме со засилена динамика да градиме инфраструктура, со што ќе придонесеме за вистински развој на општина Штип“, изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“