При експлозија на огномет за време на популарниот кубански карневал Парандас повредени се 39 лица, меѓу кои има шест деца на возраст од 11 до 15 години.
– Несреќниот случај со огнометот се случи синоќа во градот Ремедиос, соопштија локалните власти.
Меѓу повредените има и лица кои се наоѓаат во критична состојба.